“ОСТРОВОТ НА СМРТТА“ – Оваа баба е во еден од најлошите затвори на светот и чека ред за да биде застрелана, а се поради една банална грешка…

Жена од Велика БританијаЛиндзи Сендифорд, десет години го чекала датумот на нејзината егзекуција во еден од најлошите затвори во Индонезија – познат иронично како „Hotel K“, пишува Daily Mail.

Бабата на две деца е во затворот „Керобокан“ од 2013 година, откако била фатена на лет од Бангкок до Бали со куфер полн со кокаин вреден околу 1,6 милиони фунти.

Таа немала претходни пресуди и тврдела дека нарко банда со седиште во Велика Британија ја принудила да шверцува кокаин заканувајќи и се дека доколку не го направи тоа тие ќе убијат еден од нејзините два сина.

Таа била осудена на смрт иако соработувала со полицијата во акцијата за апсење на лица на повисоки позиции во бандата.

Кен Мекдоналд, адвокат за човекови права и поранешен директор на јавното обвинителство во Велика Британија, го изразил своето незадоволство поради нејзината казна и кажал дека таа била третирана „прилично грубо“.

Наводниот водач на нарко банда Џулијан Пондер бил ослободен од затворот „Керобокан“ кон крајот на 2017 година по гласините дека биле исплатени повеќе од еден милион фунти мито за да се отфрлат обвиненијата за трговија со дрога против него, неговата поранешна партнерка Рејчел Дагал и колегата Пол Билс.

Линдзи Сендифорд ќе биде префрлена на островот Нуса Камбанган, место познато како „Островот на смртта“, и ќе биде застрелана на полноќ со уште десетина затвореници, доколку нејзината смртна казна биде потврдена.

Затворениците имаат избор да седат или стојат кога ќе бидат застрелани во срцето, а доколку преживеат, им пукаат во глава.

Шверцерите на дрога во таа земја се соочуваат со строги казни, а околу 80 отсто од затворската популација кои извршиле прекршоци се поврзани со дрога и се осудени на смрт.

И покрај овој огромен број, затворот последен пат извршил смртна казна во 2015 година. Бабата би можела да се соочи со погубување во секое време доколку не поднесе конечна жалба.