Хезболах го нападна Израел со моќна ракета! Пристигна најжестокиот одговор на Либан од почетокот на војната

Либанското движење Хезболах соопшти дека вчера изврши симултани напади врз израелските гранични позиции, при што жителите на јужниот дел на земјата известуваат за некои од најжестоките израелски напади досега во повеќенеделните прекугранични судири.

Израелската војска соопшти дека нејзините авиони гаѓале цели на Хезболах како одговор на претходните напади од либанска територија и ги следеле воздушните напади со артилериски и тенковски оган.

Либански извор запознаен со нападите на Хезболах рече дека милитантната група користела моќна ракета која се уште не ја користела во напад.

Израел и Хезболах разменуваат оган преку границата откако Хамас започна терористички напади врз Израел на 7 октомври. Тоа е најголемата ескалација на борбите од војната во 2006 година, но досега таа беше ограничена на граничната област.

Израел вели дека не е заинтересиран за конфликт на северот

Водачот на Хезболах, Саид Хасан Насрала, во својот прв говор од почетокот на конфликтот меѓу Хамас и Израел, во петокот рече дека потенцијалната ескалација ќе зависи од настаните во Појасот Газа и однесувањето на Израел кон Либан.

Тој додаде дека нападите на границата „нема да бидат сè“ што ќе го направи Хезболах. Досега речиси 60 членови на тоа движење загинаа во конфликтите.

Безбедносни извори и сведоци во Либан известуваат за најтешките израелски напади од почетокот на конфликтот.

Израел соопшти дека биле погодени „терористичката инфраструктура, ракетните складишта и комплекси“ што ги користи Хезболах.

Израел изјави дека не е заинтересиран за конфликт на северната граница. Премиерот Бенјамин Нетанјаху минатиот месец го предупреди Хезболах да не отвори втор фронт, велејќи дека тоа ќе предизвика „незамислив“ израелски одговор што ќе го уништи Либан.