НЕПОЗНАТО ЛИЦЕ ВО ПАРИЗ ВЛЕДЕ ВО ПОЛИЦИЈА И РЕЧЕ ДЕТЕ УБИЛ ДЕТЕ: Момчето пронајдено во вреќа за ѓубре, лекарите се борат за неговиот живот

Момче (5) во петокот вечерта било пренесено во болницата Некер во Париз , откако било пронајдено во вреќа за ѓубре под возило.

Малото момче има тешки физички повреди и лекарите се борат за неговиот живот.

Во петокот околу 18.30 часот непознато лице влегло во полициска станица и кажало дека убил дете. За време на сослушувањето, осомничениот, кој не беше идентификуван како машко или женско, покажал фотографија од момчето во својот мобилен телефон и ја кажа локацијата каде се наоѓа телото.

Во исто време полицијата добила повик од граѓани кои рекле дека под возило пронашле дете во вреќа за ѓубре и дека детето е во тешка состојба.

Екипи на полицијата, противпожарната и итната помош веднаш излегле на местото на настанот. Медиумите јавуваат дека детето било ладно, а на вратот имало траги од задушување и модринки по целото тело.

Не долго по пристигнувањето во болница, лекарите го ставиле детето во индуцирана кома, но прогнозата е многу лоша.