Бостон единствен непоразен во НБА лигата

– Кошаркарите на Бостон го совладаа синоќа на гостински терен Бруклин со 124-114 и по петтиот дуел останаа единствената непоразена екипа во новата сезона во НБА лигата.

Џејсон Тејтум ја предводеше својата екипа до петтата сезонска победа со 32 поени, додека најефикасен во редовите на Бруклин беше Камерон Томас со 27 кошеви.

Актуелниот шампион Денвер ја забележа шестата победа во седмиот натпревар, совладувајќи го Чикаго со 123-101.

Србинот Никола Јокиќ беше на чекор до трипл-дабл, завршувајќи го натпреварот со 28 поени, 16 скокови и девет асистенции.