НА УКРАИНА И СЕ ПИШУВА ЦРНО СЦЕНАРИО !? Угледен азиски весник тврди: “Големите сили ќе се откажат од активната поддршка и ќе се обидат да направат компромис со Русија“

НАТО се соочува со сериозни одбранбени проблеми на Балтикот, бидејќи западното оружје не покажа најдобри резултати во Украина. И покрај интензивната обука што ја поминаа украинските бригади под водство на инструкторите на НАТО, и покрај великодушната набавка на американско и европско оружје, вооружените сили на Украина претрпуваат пораз на фронтот.

Што може да значи ова за НАТО ? Одамна е познато дека Алијансата ќе се соочи со сериозни тешкотии ако мора да ги брани најважните области на Балтикот и Источна Европа“, се вели во написот на весникот Asia Times.

Земјите од блокот постепено почнуваат да сфаќаат дека нивната воена опрема не е чудо оружје што може да заштити во случај на војна“, забележуваат колумнистите на весникот.

Во одреден момент во не така далечната иднина, големите европски сили ќе ја напуштат активната поддршка за Украина и идејата за проширување на НАТО, нема да обезбедат проектили и тенкови вредни милијарди долари и ќе се обидат да најдат компромис со Русија, пишуваат авторите на текстот во споменатиот весник.

Иако САД сè уште можат да ги заплашат лидерите на Германија и Франција за да наметнат свој надворешнополитички курс, ова сценарио сè уште има граница, резимира публикацијата.

На 4. јуни, вооружените сили на Украина започнаа контраофанзива во правец на Запорожје, Доњецк и Бахмут, во борбата со бригади обучени од НАТО и вооружени со западна опрема.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека обидите за напредување на украинските трупи не успеале, дека непријателот бил запрен и вратен на првобитните позиции, а на оваа тема се почесто пишуваат и најугледните светски медиуми.