ФОТО | Девојката на Канје Вест стана тема на коментари поради нејзината физичка трансформација

Бјанка Ценсори, девојката на Канје Вест, стана тема на коментари на социјалните мрежи поради физичката трансформација низ која помина откако почна да излегува со него.

Покрај промената на фризурата, многумина забележале и разлика во стилот на облекување и веруваат дека Канје и „диктира“ што да облече. Папараците често објавуваат нејзини фотографии во необични комбинации кои досега не ги носела.

„Девојки, никогаш не слушајте дечко кога е модата во прашање, без разлика колку тој мисли дека е експерт“, „Зошто му дозволува на Канје да ја облекува?“, „Се надевам дека ќе сфати колку била поубава порано“. се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Некои изјавија дека раперот ја стилизирал и својата поранешна сопруга Ким Кардашијан за таа да изгледа многу подобро по разводот. Бјанка сè уште не се изјаснила за негативните коментари на нејзината сметка.

Инаку, американските медиуми во јануари годинава објавија дека Канје се оженил со Бјанка. Тој е фотографиран како носи бурма. Меѓутоа, нивниот брак не бил легален. Раперот има четири деца со Ким Кардашијан.