Меси за преселба во Интер Мајами: Овде сум да му помогнам на тимот, ќе се забавуваме многу

 Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси зборуваше за својата преселба во американскиот клуб.

– Многу сум среќен што сум овде! Едвај чекам да почнам со тренинзи и игри. Тука сум да победувам и да му помогнам на тимот, како и секогаш. Ќе се забавуваме многу, рече Меси на презентацијата.

Аргентинецот потпиша договор со Интер Мајами до 31 декември 2025 година.

Беше објавено дека Аргентинецот ќе добива 60 милиони долари годишно.