Еден дел од Кримскиот мост потона во море: Погледнете ја новата снимка снимена од воз од соседниот мост (ФОТО/ВИДЕО)

Рускиот независен онлајн дневен весник „Инсајдер“ објави видео од штетите на мостот на Крим утрово.

Британски ,,Гардијан” јавува дека еден дел од мостот наменет за патен сообраќај исчезнал и дека се чини дека паднал во вода.

Се вели дека снимката е снимена од воз кој сообраќал на соседниот железнички мост, кој бил неоштетен.

Гардијан наведува дека оваа снимка ја прикажала и Крим 24, кој е лојален на Кремљ.