Оваа девојка е вистински хит: “Мажот ми спие со други девојки но тоа не ми пречи!“ – таа тврди дека го има совршениот рецепт за успешен брак (видео)
Моника Халд (37 г.) од САД е гордата сопруга на две години постариот Џон, без разлика што тој води љубов и со други жени затоа што нејзиниот сопруг и неговото задоволство се на прво место за неа, а таа сака да биде „покорена домаќинка“.
„Кога тој е среќен, среќна сум и јас. Сакам да го гледам мојот сопруг среќен и мислам дека нема ништо лошо во тоа. Мислам дека мажите и жените се создадени поинаку и навистина нема ништо лошо во прифаќањето на тој факт, ниту пак има нешто понижувачко во тоа. Вака живеевме со векови, а дури сега луѓето го мразат овој начин на живот“, раскажува Моника и додава:
„Што се однесува до спалната, јас сум многу покорена, а тој доминантен. Ми се допаѓа кога мажот презема иницијатива и го прави она што го сака. Секогаш му стојам на располагање и тоа ми се допаѓа“, напоменала таа и додала дека нејзиниот сопруг секогаш внимава на нејзините потреби и желби, а тоа и е многу привлечно. Како што вели, не и пречи тоа што тој има интимни односи со други жени додека таа ја чисти куќата.
„Неговото спиење со други жени е навистина мал дел од нашата врска. Немам ништо против“, тврди таа, а сопругот вели:
„Моника е кул со тоа, а и јас сум уште по кул со тоа. Мислам дека многу мажи би сакале да живеат така. Тоа е во нашите гени, така сме програмирани“.
Моника истакнува дека многу луѓе и судат поради животот што го избрала и додава дека не гледа ништо лошо во тоа.
„На еден од моите поранешни дечковци не му се допадна таа идеја и затоа сега е бивш. Исто така, жените можат да ми кажат дека сум луда или дека треба да се срамам од жените со кои тој води љубов, но не ми е гајле. Тоа е мојот живот и го сакам таков каков што е“, објаснува Моника, која верува дека луѓето помалку би се разведувале кога би живееле како нив двајца.