Оваа девојка работи во Дубаи како стујардеса и нема да верувате колку заработува: “Мојот газда плаќа за се, сметки, кирија, а јас…“

Дали навистина работата како стјуардесата е вашата работа од соништата ? Одговорот на ова прашање го открила Александра Кософ од Австралија, која работи за авиокомпанија во Дубаи. Таа раскажала колку заработува годишно, но и какви поволности има надвор од платата, пишува The Sun.

Имено, 33-годишната Александра Кософ кажале дека заработува многу повеќе од основната почетна плата од 60.000 долари годишно. Колку повеќе напредувате и подолго сте во бизнисот, платата соодветно се зголемува, а таа е во компанијата десет години.

стјуардеса
илустрација

Таа, исто така, има целосна медицинска и стоматолошка покриеност, како и бенефиции како превоз и перење алишта обезбедени од компанијата. Нејзиниот стан и сметки се платени и тоа значи дека таа ја троши целата своја плата за уживање додека патува низ светот.

Нејзината основна месечна плата е околу 1.800 долари, но добива дополнителни 26 долари за секој час летање. Во просек, таа лета од 80 до 100 часа месечно. Тоа значи дека зема околу 5.000 долари месечно ако лета во економска класа, и повеќе кога работи во прва и бизнис класа, и тоа на хартија затоа што платата и е ослободена од данок.

А како што пренесува The Sun, таа добива минимум околу 60.000 долари годишно, а освен тоа не плаќа ништо за основните трошоци за живот затоа што се е обезбедено за неа.

Живеам во мојот стан. Можете или да добиете сместување обезбедено од компанијата или да се одлучите за додаток за сместување. Имав среќа. Ова е најдобриот период од мојот живот“, истакнала таа.

Стјуардеса
илустрација

Оваа поранешна шминкерка додала дека сега го живее својот живот од соништата и има неверојатни можности и привилегија да биде дел од кремот на светот.

Научив толку многу за светот, за другите култури, а исто така и за себе – и најдобро од сè, стекнувате неверојатни пријатели на патот“, заклучила таа.