Израел објави која земја ќе ја уништи како Газа! Стигна страшно предупредување, само чекаат погрешен чекор!

Израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.

– Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат –  рече Ганц на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека ниту еден напад врз суверенитетот на Израел нема да остане без одговор.

-Ние сме народ кој долго страда и сме трпеливи. Израелците успеаја да изградат држава и армија откако го преживеаја холокаустот и не размислуваме „во денови, туку во вечноста“ –  рече Ганц.