Ибрахимовиќ горд како никогаш до сега: Неговиот помал син доби покана за репрезентација! Се знае чиј дрес ќе го носи

Златан Ибрахимовиќ е горд како никогаш до сега.

Неговиот помлад син Винсент беше поканет во шведската репрезентација. Секако, станува збор за помладите селекции, односно кампот за фудбалери родени 2008 година.

Винсент е помладиот син на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер, а моментално е член на Милан, исто како и Максимилијан кој е две години постар.

Винсент е роден во Шведска, во Лунд, па немаше дилема за која репрезентација ќе игра.

Максимилијан веќе е шведски репрезентативец и има пет настапи за јуниорската селекција на земјата.

Златан Ибрахимовиќ е во пензија од јуни, но наскоро би можел да се врати во Милан. Не како играч, туку како професионален соработник кој би бил врската помеѓу првиот тим и управата на клубот.

За ова неодамна проговори сопственикот на Милан, кој изјави дека имал разговор со Ибрахимовиќ на оваа тема и дека се чека неговата конечна одлука.