Млада мајка (20) заспала и не се разбудила: Овие симптоми ги имала со месеци, но не реагирала

Кејтлин Фолдер (20) од Хал, Велика Британија, ненадејно починала спиејќи во нејзиниот дом, а нејзиното безживотно тело во неделата наутро го пронашол нејзиниот татко.

Младата мајка, која се породила пред пет месеци, ненадејно починала, а според Мирор се сомнева дека се работи за срцев удар.

Нејзината помлада сестра, 19-годишната Шарлот Фолдер, рече дека семејството и пријателите се многу тажни поради оваа загуба, а нивните срца се скршени затоа што таа оставила петмесечно бебе зад себе.

Сестрата изјавила дека Кејтлин неодамна се жалела на „болка во срцето“, но дека не размислувала премногу за тоа бидејќи се посветила на организирање на Божиќ и Нова Година.Кејтлин Фолдер

– Кога беше бремена направи ЕКГ, кое покажа одредени отстапувања, но не мислеа дека тоа е причина за претерана загриженост – рекла Шарлот.

– Сакаше да направи ехо на срцето кога нејзината ќерка имаше шест недели, но лекарите никогаш не ја испратија. Кога отиде на лекар сите велеа дека сè е во ред, дури и таа вечер беше добро – рекла сестрата.

Таа истакна дека нејзината сестра го сакала Божиќ и дека веќе ги спакувала сите подароци за членовите на семејството, но за жал не го дочекала.

Во неделата наутро таткото ја пронашол Кејтлин мртва во нејзиниот кревет додека се обидувал да ја разбуди додека нејзината ќерка Попи неутешно плачела.

– Викаше „Кејтлин, Попи плаче, разбуди се“, сепак таа не го слушна. Кога отишол кај неа ја нашол мртва во кревет. Веднаш повикал брза помош и се обидел да ја реанимира, но кога стигнале можеле само да констатираат смрт. Ни кажаа дека се сомневаат дека сестрата имала срцев удар – објаснила Шарлот.

Семејството отвори страница GoFundMe за да собере средства за погребни аранжмани.