Претходната година беше рекордна за туризмот во Шпанија, дури и подобра од минатата добра година за туризам во 2019 година.
Ова само потврдува дека одлучноста и добрата организација можат да дадат одлични резултати, па во овој случај Шпанија ја престигна дури и Италија, која традиционално го држи првото место.
Најавите на туристичките експерти, се чини, ќе бидат сосема точни, а доказ за тоа е Шпанија која ги сруши сите туристички рекорди. Туризмот наскоро ќе го достигне очекуваниот рекорд, што ќе го потврди целосното закрепнување на оваа индустрија по пандемската криза.
Според мадридскиот весник „Паис“, од јануари до декември минатата година дошле 79,85 милиони странски туристи. Тоа е за 0,8% повеќе од 2019 година, што е рекордна година за туристичкиот сектор на глобално ниво.
Туристите, покрај рекордниот број на пристигнувања, овозможија и рекорден приход од туризмот во Шпанија. Тие до декември потрошиле неверојатни 101 милијарда евра, што е за 24% повеќе пари отколку во истиот период лани. Ова е дури 17% повеќе од 2019 година, што потврдува дека оваа индустрија е двигател на шпанската економија.
Дополнително, зголемен е интересот на туристите и во месеците кога оваа земја не е особено популарна меѓу туристите, што ја потврдува определбата на властите да стане дестинација за сите сезони.
Во ноември 2023 година беше забележан најголем број странски пристигнувања досега, по октомври, кој повторно урна рекорди. Така, туристите се почесто доаѓаат во вонсезона, истражувајќи ја разновидна туристичка понуда на оваа дестинација, од гастрономија, културни и историски содржини до природни атракции.