Цените на златото се на рекордно ниво, а причина за тоа е веројатната одлука на монетарните власти во Соединетите Американски Држави за намалување на каматните стапки. Се очекува тоа да се случи веќе во среда, на 18 септември.
Трговците на берзата претпоставуваат дека златото ќе биде уште попривлечно. Овој благороден метал повторно станува се поинтересен во однос на државните обврзници. Голема побарувачка за злато има и кај централните банки.
Имено, Турција стана најголемиот купувач на злато во светот. Податоците на Светскиот совет за злато покажуваат дека оваа земја во првата половина од годинава купила речиси 45 тони злато, што претставува посебно стратешко богатство.
Експертите истакнаа дека Турција бара сигурност поради слабата национална валута и високата инфлација. Покрај тоа, земјите како Турција, Кина и Индија се обидуваат да бидат понезависни од американскиот долар преку златните резерви.
Цената на една три унци (31,1 грам) злато порасна на почетокот на неделата на лондонската берза на 2.589 американски долари, што е највисока цена досега. Златото поскапе за значителни четири отсто за седум дена.
Со оглед на тоа што на светскиот пазар најмногу се тргува во американски долари, слабоста на американската валута го прави овој благороден метал поевтин во многу земји, што ја фаворизира неговата побарувачка и цена, пишува порталот taggeschau.