Оваа навика го намалува ризикот од рак и придонесува за долговечност

Една нова студија покажа дека практиката која е целосно бесплатна може да биде многу корисна за продолжување на животот.

Студијата спроведена од Универзитетот Харвард и Универзитетот на Британска Колумбија го постави следното прашање: „Дали луѓето кои почесто забележуваат и чувствуваат благодарност за позитивните искуства живеат подолго?

Истражувачите користеле податоци од Студијата за здравјето на медицинските сестри, која опфатила речиси 50.000 жени на возраст меѓу 69 и 96 години кои пополниле прашалник со шест прашања во 2016 година за благодарност.

Од учесниците беше побарано да оценат колку се согласуваат со изјавите како „Имам толку многу во мојот живот за што сум благодарен“ и „Благодарен сум на многу различни луѓе“.

Така, тие можеа да го одредат процентот на жени кои имаат највисоко и најниско чувство на благодарност. Кога ги прегледале податоците три години подоцна, откриле дека жените кои имаат највисоко ниво на благодарност имале 9 отсто помал ризик од смрт од која било причина, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, рак и невродегенеративни болести.