Последниве денови на социјалната мрежа TikTok е особено популарен еден прехранбен производ, а тоа се краставиците.
Еден корисник на TikTok, Логан, препорачува нивна дневна потрошувачка и многумина почнаа да го следат во тоа.
Сепак, експертите му објаснија на Делиш колку е добро да се јаде краставици секој ден откако Логан го освои TikTok со неговите препораки и бројни рецепти кои вклучуваат краставици.
Консултантот за исхрана, Каролина Шнајдер, објасни како тоа влијае на телото.
Овој зеленчук е преполн со витамини, вклучувајќи витамин К за здравјето на коските, витамин Ц за имунитет, како и калиум и магнезиум.
„Тие исто така содржат антиоксиданси, кои можат да помогнат во борбата против оксидативниот стрес во телото. Исхраната богата со зеленчук е поврзана со подобри здравствени маркери, помал ризик од болести и севкупно подобрување на здравјето и благосостојбата“, објасни таа.
Ако ги следите снимките и рецептите на Логан, може да очекувате подобра хидратација, подобро варење, а можеби дури и слабеење благодарение на високата содржина на вода и влакна, вели Шнајдер за Делиш.
Калиумот кој се наоѓа во краставиците, исто така, може да помогне во регулирањето на крвниот притисок со балансирање на нивото на натриум и може да го промовира целокупното подобро кардиоваскуларно здравје, додека антиоксидантните својства штитат од хронични болести.
Сепак, постои предупредување. Иако зеленчукот е совршено безбеден и здрав за редовна конзумација, прекумерните количини од било што може да доведат до негативни несакани ефекти, според Шнајдер.
„Во случајот на краставиците, нивната висока содржина на вода и влакна може да предизвика дигестивни проблеми ако се консумираат во големи количини“, вели таа.
„Тоа е затоа што влакната ги стимулираат цревата, а кај некои луѓе, особено кај оние кои не се навикнати на диета богата со растителни влакна, тоа може да доведе до надуеност, гасови или дури и дијареа“.
Покрај тоа, разновидноста во исхраната е клучна – иако јадењето краставица дневно може да биде позитивно, сепак ви требаат протеини, здрави масти и други витамини и минерали кои не се наоѓаат во зеленчукот.