Оваа особина покажува дека сте натпросечно интелигентни!

Научниците од Универзитетот во Ново Мексико открија дека луѓето со силна смисла за хумор можат да бидат натпросечно интелигентни.

За жал, високата интелигенција не е сосема сигурен показател дека некој ќе има успешен живот и многу пари, сепак секако е предност за полесен живот.

Секако, постојат одредени показатели за тоа дали човекот е паметен и натпросечно паметен, но една особина посебно се истакнува. 

До ова откритие дошле научниците од Универзитетот во Ново Мексико, а станува збор за смисла за хумор, односно духовитост, која ја докажува брзината на размислување, обработка на мислите и ставање на работите во контекст на креативен начин.

Така, хуморот е значаен показател за мозочните способности, без разлика дали се работи за „црниот“, кој оди на своја или на туѓа сметка. Токму оваа брзина на размислување е клучна, истакнуваат научниците.

Генетските фактори значително ја одредуваат интелигенцијата на детето, особено генот FNBP1L кој ги пренесува родителските кодови, покажа истражувањето на Универзитетот во Квинсленд. Во него, научниците ги анализирале примероците на ДНК на над 18.000 деца од Австралија, Холандија, Велика Британија и САД на возраст меѓу шест и 18 години, а потоа ги споредиле примероците со резултатите од нивните IQ тестови.

Тие открија дека индивидуалните варијации во генетскиот код на децата влијаат на нивните резултати од тестот , така што нашите гени одредуваат околу 40 проценти од вкупната интелигенција.

– Овие наоди ни доаѓаат како резултат на најголемата студија на тема детска интелигенција, па се дополнителен доказ дека гените се важни, дури и поважни од воспитувањето, за обликување на детската интелигенција – изјави водачот на студијата, професорот Бебен Бениамин.

Научниците веруваат дека ова откритие може да има големо влијание за подобро разбирање на менталните тешкотии кај децата.