“ОВАА РАБОТА МИ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ!“ – Ким Кардашијан направи голем пресврт и најави: “Ја менувам професијата и работата со полно работно време!“
Една од најпознатите старлети во светот, Ким Кардашијан, изјави дека „апсолутно“ би се откажала од својата ријалити ТВ кариера за да стане адвокат „со полно работно време“.
„Би била исто толку среќна да бидам адвокатка со полно работно време“, изјавила таа за време на панелот на самитот „100“ на магазинот Time, кој слави сто од највлијателните луѓе во светот, а ријалити-ѕвездата била прашана од модераторката Попи Харлоу дали некогаш размислував да стави крај на ријалити кариерата.
„Голем дел од нашите животи е секогаш на телевизија, но мислам дека моите пријатели и моето семејство знаат дека навистина го цениме нашето приватно време“, објаснила Ким Кардашијан и додала дека се надева дека борбата против неправдата во затворскиот систем на нацијата ќе биде нејзината „најзначајна работа во животот“.
„Секогаш се шегувам со мајка ми која ми е менаџерка и тврдам дека ќе се пензионирам и ќе станам адвокатка“, изјавила Кардашијан. Сопственичката на брендот Skims додала дека би сакала да го прави тоа надвор од камерата. Понатаму, Кардашијан споделила дека нејзиното патување да стане адвокат и ги отворило очите за „толку многу што треба да се направи во светот“.
„Ситуацијата станува поразителна“, рекла таа и додала дека минатата недела за прв пат ја донела својата сестра Клое во затвор и истакнала дека искуството тоа навистина и ги отворило очите, пишува Page Six.
Ким глуми во „Keeping Up With The Kardashians“ на E! 20 сезони, која дебитираше во 2007 година, и потпиша договор со Hulu за нивното ново реално шоу „The Kardashians“, чија премиера беше минатата година. Со текот на годините, кариерата на Ким се прошири надвор од доменот на ријалити ТВ кога таа го лансираше својот бренд за облека Skims и козметичкиот бренд SKKN BY KIM.