ОВАА СНИМКА ВО КОЈА ДОКТОР ВЛЕГУВА ВО ОПЕРАТИВНА САЛА СО ДЕЦА ГИ РАСПЛАКА ЛУЃЕТО, НЕ МОЖЕ ДА ПОВЕРУВААТ ШТО ПРАВИ

Д-р Леандро Брандао бил отоларинголог во Бразил 14 години и специјализирал за детска хирургија. Од почетокот на кариерата го мачело тоа што морал да ги одвои децата од нивните родители и да ги носи во операциона сала, но потоа смислил начин овој трауматичен настан да го направи што е можно побезболен.

Во интервју за весникот „Алетеја“ тој вели дека низ годините на различни начини се обидувал една многу непријатна ситуација за децата и родителите да ја направи што позабавна.

„Барав на интернет и најдов човек кој прави костими за суперхерои кои можев да ги купам и да им ги дадам на децата. Тој ни помогна мене и на децата во процесот“, рече Леандро.

Имено, д-р Брандао пред да оди во операциона сала ги облекува децата во костим за суперхерој и со нив оди по ходникот и се преправа дека пред да влезат во операционата сала се подготвуваат да го спасат светот.

Видеото на кое докторот и децата влегуваат во операционата сала го обиколи светот, со што доктор Леандро стана еден од најомилените.