Оваа убавица е снаа на Лепа Брена: Нејзиниот изглед остава без здив! Таа му помогна на Виктор за време на турнејата, а се занимава и со … (фото)
Синот на музичката ѕвезда Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, ужива во љубовта со убавата водителка Софија Спасојевиќ.
Нивната романса веќе е многу на стабилна основа, со оглед на тоа што Виктор ги запозна со семејството, а летово дури и заедно заминаа на крстарење со јахта.
Тогаш можевме да видиме како Брена ја прифати идната снаа. Заедно уживаа во летниот ден со свежо овошје и пијалок, а нивната насмевка и доброто расположение покажаа дека одлично се сложуваат.
Убавата Софија потоа на Инстаграм сподели и жешки фотографии во бикини со леопард принт и го покажа своето жешко тело.
На фотографиите реагираше и Лепа Брена која истакна дека и’ се допаднале.
Инаку, Софија Спасојевиќ е водителка, но и инфлуенсерка чии објави имаат голем број лајкови, а често промовира и познати брендови.
Облекла дури и некои парчиња облека од колекцијата на Брена, па се шпекулираше дека тоа некако и’ помогнало да го запознае семејството Живојиновиќ.
За време на турнејата на Брена, Софија одеше на концерти со Виктор и помагаше во организацијата, а кога се заврши работата уживаше во песните и убавите моменти со своето друштво и семејството.
Да потсетиме, Софија своевремено изјави дека е повеќекратна државна шампионка во пливање. Таа мораше да се откаже од спортот поради повреда. Подоцна се сврте кон манекенството, социјалните мрежи, фотографијата и хостирањето.
Не и’ е непознато да глуми во спотови на локални уметници, а во една прилика откри дека е дете на разведени родители, дека ја почитува традицијата и дека е приврзана за нејзината баба која живее на село.