Оваа храна е најдобра за вашите црева! Дејствува како ‘швајцарски часовник’ – го забрзува метаболизмот и решава многу несакани проблеми
Храната која најмногу помага во движењето на цревата, го успорува нивното празнење и метаболизмот. Ова е најдобриот појадок, според нутриционистите.
Дали наутро пиете чаша топла вода со цеден лимон ? Нутриционистите често препорачуваат на празен стомак, пред појадок, да земете половина цеден лимон, измешан со малку вода и цимет. Според нив, овие пијалоци помагаат да започне метаболизмот по спиење и да се поттикне движењето на дебелото црево.
А која храна е најдобра за да ја „запали машината“ и да ја подобри работата на цревата ?
Руската диететичарка Лиза Афинскаја спомена една храна која се покажала како многу ефикасна за проблемот со „мрзливите“ црева. Нејзин совет е денот да го започнете со леб од цело зрно.
Според неа, грешката што многумина ја прават за појадок е што се „полнат“ со бели пецива, односно леб и производи од рафинирано брашно. Ваквата храна го „блокира“ метаболизмот, го оптоварува варењето и го успорува, па затоа никогаш не треба да се јаде на празен стомак, кога нашиот метаболизам се уште „спие“. Лиза Афинскаја истакнува дека јадењето леб од цело зрно поволно делува на цревата.
Исто така, за нормална и „течна“ работа на дигестивниот тракт, во исхраната треба да се додаде булгур, хељда, кафеав ориз и други цели зрна. Освен тоа, таа препорача кефир, јогурт без шеќер, овошје, зеленчук, јаткасти плодови, ленено семе, кимчи…