Природните состојки и намирниците кои го забрзуваат метаболизмот често можат да ви помогнат во борбата против вишокот килограми, а печурките се една од нив.
Оваа храна е нискокалорична и богата со ерготионеин, моќен антиоксиданс кој може да помогне во регулирањето на телесната тежина.
“Ерготионеинот, кој е најзастапен во печурките, има силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Овие карактеристики можат да ги подобрат метаболичките процеси и да ги поддржат напорите за слабеење”, вели експертот за слабеење Френклин Џозеф.
Благодарение на ерготионеинот, печурките се суперхрана која ги штити клетките од оксидативен стрес и воспаленија кои се поврзани со дебелината и метаболичките проблеми.
Најбогатите видови на печурки со ерготионеин се шитаке, буковец и кралски буковец. За луѓето кои не се љубители на печурките, нутритивните додатоци со повеќе видови печурки можат да бидат корисно решение.
„Овие додатоци комбинираат екстракти од различни видови печурки, обезбедувајќи поголема доза на ерготионеин и други корисни соединенија“, тврди Џозеф.
Освен тоа, печурките се богат извор на растителни влакна, содржат Б витамини и минерали и се идеална замена за месото. За да се постигнат долгорочни резултати, корисно е да се вклучат печурките во урамнотежена исхрана и здрав начин на живот, заедно со редовна физичка активност, многу вода и свесен пристап кон исхраната.