Оваа 102-годишна баба не сака да оди во пензија! Овие три работи се тајната на нејзината долговечност: Клучот не е исхраната туку ова!
Стогодишниците отсекогаш го привлекувале вниманието на јавноста и многумина се прашуваат која е тајната на долговечноста. Значи, жителите на „сините зони“ својата долговечност ја припишуваат на медитеранската клима и исхрана.
Но, тоа не е случај со Гледис МекГари, која има 102 години. Гледис МекГари ги запишала своите тајни за долговечноста во својата книга „A Life Well Lived“, а нејзиниот совет е поедноставен отколку што многумина би очекувале.
1. Бидете активни
Како што тврди оваа баба, која сè уште работи како докторка и не планира да се пензионира: „Ако престанеш да се движиш, ќе умреш!“ Тоа не значи дека секој ден треба да поминувате часови и часови во теретана или да вежбате напорни тренинзи. Сосема е доволна умерена физичка активност, како пешачење и одење во природа.
2. Негувајте ја духовноста
Според оваа баба, можете да направите сè што е добро за вашето здравје, но се е за џабе ако не верувате во нешто поголемо од себе. Освен физичко движење, потребно е и духовно движење и развој.
„Животот мора да се живее до максимум. Ако ја изгубите целта, немате каде да одите. Почнете да барате што ве тера да се веселете, да се смеете или да се движите“, тврди таа.
3. Сакајте се себеси и другите
Љубовта како нешто што не одржува во живот и е една од најважните компоненти. Љубовта првенствено кон себе, а потоа и кон луѓето околу нас, ни се враќа во иста мера.
„Љубовта навистина може да биде најточниот одговор за подолг, поздрав живот. Кога навистина ќе научите да се сакате себеси, тогаш ќе научите да ги сакате и другите“, заклучува таа.