„Ова би можело да стане незапирливо“: Опасниот вирус од џунглата се шири низ Европа, научниците предупредуваат дека работата излегува од контрола
Вирус кој потекнува од Јужна Америка, а го шират инсекти, за прв пат е откриен во Европа!
Европскиот центар за контрола на болести (ECDC) соопшти дека вирусот ОРОВ е забележан кај 19 лица во последните два месеци. Дванаесет се пријавени во Шпанија, пет во Италија и двајца во Германија.
Засега нема вакцина за болеста која доаѓа од мрзливците и мајмуните, но и од птиците. Експертите велат дека вирусот доаѓа од исто семејство на болести како и потенцијално смртоносните вируси Зика и Денга.
Треската која се јавува по инфекцијата вклучува симптоми како што се главоболка, гадење, повраќање, болки во мускулите и зглобовите.
Д-р Дени Алтман, професор по имунологија на Империјалниот колеџ во Лондон, предупредува за вирусот ОРОВ.
– Дефинитивно треба да бидеме загрижени. Работите се менуваат и можат да станат незапирливи – изјави Алтман за британски “Telegraph”.
Симптомите обично започнуваат четири до осум дена по каснувањето и во тешки случаи болеста може да доведе до менингитис. “ECDC” наведува дека фаталните исходи се исклучително ретки и дека закрепнувањето од болеста е вообичаено. Во повеќето случаи, симптомите исчезнуваат во рок од четири дена.
До денес, епидемии на вирусот се пријавени во неколку земји во Јужна и Централна Америка и на Карибите. Од почетокот на годинава специфични епидемии се забележани во Бразил, Боливија, Колумбија, Перу, а неодамна и во Куба.
Дури осумнаесет заразени Европејци се вратиле со треска од Куба, додека еден заразен во Италија отпатувал во Бразил. Помеѓу јануари и средината на јули, биле пријавени повеќе од 8.000 случаи на инфекција во Бразил, Боливија, Перу, Колумбија и Куба. Поради ваквите бројки, “ECDC” вели дека веројатноста за инфекција за граѓаните на ЕУ кои патуваат или престојуваат во областите на епидемија во моментов се оценува како умерена. Европските власти ги советуваат туристите кои патуваат во погодените области да носат кошули и блузони со долги ракави и долги панталони за да го намалат ризикот од каснување.
Вирусот за прв пат забележан пред 70 години
Сојот кој стои зад неодамнешната епидемија првпат бил забележан во мало село во Тринидад и Тобаго во 1955 година. Името го добил по локалната река Оропуче.
Пет години подоцна, за време на изградбата на автопатот Белем-Бразилија, било докажано дека еден мрзливец го носи овој вирус. За само една година, многу луѓе во таа област се разболеле од вирусот.
Сè уште не е јасно кои инсекти го шират вирусот во џунглата. Докажано е дека мувите и комарците шират болести меѓу луѓето во урбана средина.
Високите температури предизвикани од климатските промени, исто така, предизвикаа мувите да летаат подалеку, а зголемените врнежи од дожд и поплавите обезбедуваат совршена почва за размножување на инсектите.