Ова го има само во нашата Макединија: Воспитувачката од градинка на децата им подари електронски цигари!

Воспитувачка во Велес е прогласена за виновна за злоупотреба на службената положба и овластување, откако на децата им давала електронски цигари. Основниот суд Велес и’ изрече условна казна.

„Вработената е прогласена за виновна дека на децата им дала електронски цигари, а Судот изрече условна казна, како и споредна казна забрана за вршење професија, работа или дејност во траење од 5 години. По правосилноста на решението таа станува конечна. Надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на пресудата поради решението за кривична санкција“, се вели во соопштението на Обвинителството.