ОВА ГО ИМА САМО НА БАЛКАНОТ – Пијан поштар делел туѓи пензии на гости во кафана, а луѓето се тепале за пари
Не само Македонците имаат проблеми со поштарите. Hercegovina.info пренесува дека синоќа во Бјелина е снимена несекојдневна сцена во ресторан, каде главен актер бил млад поштар со име Никола Божиќ, кој на крајот бил приведен во полициската станица во тој град.
Поштарот бил пијан, а во чантата на поштарот имало нераспределени пензии. Ги послужил гостите еден по еден и почнал да им дели пензии на гостите од кафаната од маса на маса…
Во еден момент дошло до расправија, која завршила со тепачка.
Набрзо пристигнала полиција која го однела во полициска станица пијаниот поштар, а на информативен разговор го повикале и неговиот директор.