ОВА ГО МОЖЕ САМО ГЕРМАНЕЦ – Во багажникот носел гајба пиво, а не ни помислувал дека токму тоа ќе му го спаси животот од сигурна смрт, со овој потег среќниот возач ја шокирал и полицијата!

Едно патување во североисточна Германија за малку ќе завршило трагично за еден Германец кога неговото возило се запалило додека бил зад воланот, но благодарение на она што го имал во багажникот, катастрофата била избегната.

Во близина немало вода, а на пожарникарите им требало подолго време за да пристигнат, па овој паметен Германец за среќа носел пиво со себе!

На овој 36-годишен возач му биле потребни точно осум шишиња пиво за брзо да го изгасне пламенот. За среќа, во автомобилот имал цела гајба пиво, за секој случај да му притреба…

На пожарникарите им останало само да ја исклучат батеријата и да спречат истекување на течноста која е штетна за околината од автомобилот.

Инаку, Германецот со своето четиричлено семејство патувал за Берлин. Полицијата соопштила дека возилото се запалило поради дефект на моторот, а возачот веднаш се свртел на лентата за застанување.

Членовите на семејството веднаш го напуштиле автомобилот, кој силно чадел и се засолниле од опасноста“, соопштија од сообраќајната полиција, пренесуваат германските медиуми.

Иако мажот успеал да го изгасне пламенот со својата необична противпожарна интервенција, но не успеал целосно да го спаси автомобилот. Се проценува дека штетата на неговиот автомобил марка Ford Focus е околу 6.000 евра. Во секој случај, подобро е отколку целосно да се изгори.