Ова го нема никаде! Руска ракета забодена во асфалтот стана главна атракција во еден украински град (ФОТО)
По нападот, на социјалните мрежи кружат неверојатни фотографии од ракета забодена на улица.
Русите во саботата го нападнаа Краматорск во источна Украина. Како што јавија украинските медиуми, погодени се и уништени и градските гробишта. Во нападот нема повредени.
По нападот, на социјалните мрежи кружат неверојатни фотографии од ракета забодена на улица.
Фотографиите ги објави и Илја Пономаренко, украински новинар кој известува од Украина уште од првиот ден на руската агресија, испраќајќи видеа, пишува извештаи и носи вести од првата линија на фронтот.
На една фотографија жена во црвен фустан стои на метар од бомбата и прави селфи!
– Русија едноставно ви се лути што имате толку убаво асфалтирани улици – е еден од коментарите.
Други пишуваат дека во ракетата нема експлозив.
– Ова не е експлозивниот дел од ракетата, таа го носеше проектилот и ова е телото на ракетата која потоа паѓа без да експлодира – пишува еден од корисниците.