Ова е авионот во кој загина Пригожин: Лидерот на Вагнер се најде на списокот на патници (ФОТО)

Десет лица загинаа во падот на приватен авион во областа Твер, северно од Москва, јави Тасс, а пренесе Ројтерс.

Руската управа за цивилно воздухопловство соопшти, според истите медиуми, дека на списокот на патници на соборениот авион се наоѓа и шефот на Вагнер групата, Евгениј Пригожин.

Авионот летал од Москва за Санкт Петербург. Од Министерството за вонредни состојби соопштуваат дека се работи за деловен авион Embraer ERJ-135, додека на Телеграмскиот канал 112 е наведено дека регистарскиот број на авионот е RA-RA-02795.