Ова е Алекс кој го уби семејството во Књежевац: Соседите ги открија деталите од хоророт во семејниот дом
Алекса Милојевиќ (22) попладнево во семејната куќа во Књажевац , улица Бранка Металца бр. 2, во близина на вилата на Џервин со ловечка пушка што била законска сопственост на неговиот дедо ги уби дедото Миќа Милојевиќ (81), бабата Сара (83) и таткото Предраг (60).
По масакрот Алекса излегол од куќата и кога ги сретнал соседите им рекол „Јас ги убив“. Соседката Ирена Живадиновиќ го прашала „како ги уби?“, на што Милојевиќ одговорил „Така, со пушка“.
Како што пишуваат српските медиуми, тие биле „нормално семејство, вредни, трудољубиви и богати“.
Алекса беше уапсен и ја призна вината, велејќи ѝ на полицијата дека повеќе не може да се грижи за нив.
Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата тешко болни, потврди министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.