Ова е бањата на Доналд Трамп. Овие кутии ја содржат американската нуклеарна програма! (ФОТО)

Обвинението е објавено вечерва, напишано е на 49 страници, а некои детали од него се просто неверојатни

Објавено обвинението против Доналд Трамп! Поранешниот американски претседател е обвинет дека украл доверливи документи од Белата куќа и ги однел на својот имот Мар-а-лаго. Обвинението е објавено вечерва, напишано е на 49 страници, а некои детали од него се просто неверојатни. Така било откриено дека документите за американската нуклеарна програма ги чувал во – бањата! Објавена е и фотографија од неговото приватно „складиште“.

За работите да бидат уште полоши за Трамп, се чини дека тој ги покажувал овие доверливи документи и на други. Во обвинението стои дека тоа го направил два пати. Првиот случај се случи во Националниот голф клуб Трамп во Њу Џерси кога разговарал со писател, издавач и двајца вработени. Ниту еден од овие луѓе не ја помина безбедносната проверка.

Трамп покажа и опиша „план за напад на друга земја“, за кој рече дека „му го подготвиле Министерството за одбрана и висок воен функционер“. Тој потоа им кажа на поединци дека планот е „многу доверлив“, „таен“ и дека како претседател можел самиот да го декласифицира“.

Во првата точка од обвинението се наведува дека Трамп, како претседател на САД, имал пристап до „најчувствителните доверливи документи и информации за националната безбедност“, вклучително и информации од разузнавачката служба на Министерството за одбрана.

Во втората точка се наведува дека Трамп за време на неговиот мандат собирал исечоци од весници, писма, белешки, картички, фотографии, официјални документи и други материјали во картонски кутии што ги чувал во Белата куќа. Меѓутоа, меѓу овие материјали тој чувал и стотици доверливи документи. Тој однел сè на Флорида.

Третата точка од обвинението го обвинува Трамп дека складирал „информации за одбранбените и вооружените способности на Соединетите држави и странските земји“. Документите, исто така, вклучуваа „американски нуклеарни програми, потенцијалната ранливост на САД и нивните сојузници на воен напад“ и „планови за можна одмазда“ како одговор на странски напад.

Меѓу другото, Трамп е обвинет за кражба на тајни за американското нуклеарно оружје.