„Ова е безобразно и скандалозно, зошто ја доведовте во Париз?! Лејди Гага настапи на отворањето на игрите
Пејачката Лејди Гага имаше маестрален настап на отворањето на Олимписките игри во Париз.
Таа се појави во елегантен црн фустан со долг воз, а потоа следеше спектакл.
Танчерите на сцената ја „соблекоа“ пејачката на малтена, а таа остана во корсет и тесни шорцеви. Енергичниот настап во форма на кабаре беше ентузијастички поздравен од публиката која стоеше покрај реката Сена.
Лејди Гага ја отпеа „La Vie En Rose“ на Едит Пјаф, што претходно го правеше во филмот „A Star Is Born“ од 2018 година. Покрај неа, таа ја отпеа и песната „Mon truc en plumes“ од иконата француска уметница Зизи Жанмер.
Интересно е што настапот не беше во живо туку беше претходно снимен. На тој ден, неколку часа пред свеченото отворање на Олимписките игри, Гага го сними својот настап, кој потоа беше емитуван за време на церемонијата.
Една од причините поради која организаторите се одлучија на овој чекор е дождот кој врнеше во Париз за време на целата церемонија на отворање. Со оглед на тоа што Гага носеше луксузни костими полни со пердуви, тие не сакаа ништо да препуштат на случајноста, па однапред го снимија целиот настап.
Ова го осудија многу нејзини обожаватели кои на социјалната мрежа Х споделија слики од нејзиниот настап со коментари на незадоволство.
„Ако сите можеа да пеат и да парадираат на дождот, би можела и таа“, „Ова е безобразно и скандалозно“, „Тогаш зошто ја донесоа во Париз? Можеше да го сними тој настап во Лос Анџелес“ , се само некои од коментари на гореспоменатата социјална мрежа.