Ова е Гркот убиен од сопругата Србинка, а потоа го закопала во дворот од неговата куќа: Таа направила невидено злосторство додека била во шестиот месец од бременоста
Џијана (34), српска државјанка, е уапсена откако признала дека го убил својот партнер Костас Симитрас.
Наводно, таа признала дека при расправија турнала 58-годишен маж, поради што изгубил рамнотежа и паднал на подот, удирајќи го со главата. Потоа наводно го однела неговото тело во дворот од куќата каде што го закопала. Полициски службеници излегле на лице место и на длабочина од околу половина метар пронашле човечки коски кои биле испратени на вештачење.
Костас Сијамитрас исчезна во септември кога неговата 34-годишна партнерка, која е во шестиот месец од бременоста и мајка на тригодишно дете, го пријавила во полиција како исчезната. Таа при изјавата во полиција негираше каква било поврзаност со неговото исчезнување.
Но, откако неодамна била повторно повикана да даде изјава, таа го признала делото.
За потсетување, 34-годишна жена во петокот напладне беше донесена во обвинителството каде што беше поднесена кривична пријава за убиство.
Според грчките медиуми,
таа се обидела да се сокрие од камерите и не одговарала на новинарски прашања.
Се огласи таткото на жртвата
Таткото на 58-годишниот Костас Сијамитрас покрена сомнеж дека во убиството не учествувала сама партнерката на неговиот син, Џијана, наводна српска државјанка, туку дека имала и соучесник.
– ,,Доаѓав овде секој ден и сè беше во ред. Не знам зошто се случи ова или како дојде до ова. Од самиот почеток реков дека таа го направи тоа. Таа дефинитивно имала соучесници. Еден, два? Полицијата ќе утврди“, рече тој.