Копривата е многу лековито растение кое има бројни придобивки за нашето здравје, поради што уште од античко време се користи во традиционалната медицина. Старите Египќани ја користеле копривата за лекување на артритис и болки во долниот дел на грбот, додека Римјаните ја користеле за загревање.
Богат е со витамини, минерали, полифеноли и други корисни материи кои позитивно влијаат на целокупното здравје, пишува Крстарица. И зошто е толку добра? Копривата е богата со хранливи материи како што се витамините А, Ц, К, како и витамини од Б комплексот. Содржи и минерали како што се железо, калциум, магнезиум и калиум.
Токму поради изобилството на витамини и минерали, копривата е растение број еден за зајакнување на имунитетот, подобрување на крвната слика, здравјето на коските и зголемување на енергијата.
Антивоспалително дејство, детоксикација на организмот…
Копривата е позната и по своето антиинфламаторно дејство, што ја прави корисна за артритис и други воспалителни состојби, а се покажала и како исклучително ефикасна во борбата против алергиите.
Исто така, помага во детоксикација на телото, го поддржува здравјето на црниот дроб и ја подобрува функцијата на бубрезите. Секако, добро е да се консултирате со експерти пред конзумирање.