Ова е жената уапсена за убиството на Нусрет: Осомничена е дека му помагала на убиецот (фото)

Во Тутин вчера беше пронајдено телото на Нусрет Дестановиќ, кој беше исчезнат три дена. Откривањето на телото предизвика истрага која брзо го привлече вниманието на јавноста поради сложените околности околу неговата смрт. Телото на Дестановиќ е пронајдено во бунар, а првите резултати од истрагата укажуваат дека се работи за злосторство од страст.

Главни осомничени за ова дело се Р.Х и нејзиниот поранешен сопруг С.З

Наводно Нусрет бил во повремени контакти со Р.Х, за што постои сомневање дека предизвикал љубомора кај С.З.

И двајцата осомничени моментално се под истрага, а полицијата детално ги истражува околностите кои довеле до смртта на Нусрет.

Како што пишува денеска Санџак , Р.Х и С.З живееле заедно во Сараево, пред да се разведат, по што Р.Х се вратила во Пешта со две деца. Месната заедница и’ помогнала да се среди, поправајќи ги нејзините две соби.

Полицијата сè уште се обидува да ги утврди мотивите и прецизните околности кои довеле до убиството, како и каква улога имале осомничените во смртта на Нусрет Дестановиќ.

Полицијата апелира секој со какви било информации да се јави и да помогне во расчистување на случајот.

Да потсетиме, за убиството се уапсени три лица кои се осомничени дека помагале во делото, меѓу кои и Р.Х.

Освен неа, уапсен е и Е.Џ. (18) од Сјеница, поради сомнение дека сториле кривично дело тешко убиство во соизвршителство, како и Е.Х.(40) од Нови Пазар поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело.

Како што се сомнева, Е. X. заедно со С.З.(27), по кого полицијата интензивно трага, на 8 февруари годинава со остар предмет му нанеле смртоносни повреди на Нусрет, а неговото тело го фрлиле во напуштен бунар во селото Меѓугорје во околината на Сјеница.