Ова е животно а не фудбалер! Бразилецот удри противник во глава среде натпревар! Настана хаос, ,,летаа” тупаници на сите страни (ВИДЕО)

Морничави сцени се снимени во Бразил, на фудбалски натпревар, кога фудбалер удри противнички играч во глава.

На натпреварот од бразилската Ц лига помеѓу Ремо и Алтос, фудбалерот на домашната екипа Паулињо Куру направи скандалозен потег.

По еден дуел на средината на теренот, Куруа го шутна Гиљермо Пирес во глава иако топката беше далеку од нив. За среќа, фудбалерот избегна сериозни повреди, а на изненадување на сите веднаш стана и почна да се тепа со фудбалерот.

Настана општ хаос, во тепачката се приклучија соиграчите на двајца фудбалери, ,,летаа” тупаници, а втрчаа и играчи од клупата.

Ремо го доби овој натпревар со 3:1, но тоа не беше доволно за да се пласира во следната фаза.