Ова е идеално време за појадок! Многумина грешат и јадат во погрешно време – Прават пекол во телото!

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот, но не сите ги имаат истите навики. Сепак, многу е важно да го почитуваме ова и да го направиме најдоброто за нашето здравје.

Уште од мали нозе сме научени дека појадокот е најважниот оброк во денот. Познатиот писател на научна фантастика Роберт Ансон Хајнлајн рекол дека „ни крајот на светот не треба да ве најде без добар појадок“.

Тој навистина беше во право затоа што здравиот појадок не само што дава енергија за почеток на денот, туку и го поттикнува вашиот метаболизам , го балансира нивото на шеќер во крвта, помага во управувањето со тежината, го подобрува здравјето на срцето и функцијата на мозокот.

Зошто прескокнувањето на појадокот може да биде штетно?

Според истражувањето на Food Insight , повеќе од 90 отсто од луѓето сметаат дека појадокот е најважниот оброк во денот, но само 44 отсто од нив појадуваат секој ден. 

Прескокнувањето на појадокот може да доведе до разни здравствени проблеми, вклучувајќи стрес, замор и зголемена тенденција за дебелина и дијабетес .

 

– Прескокнувањето на појадокот ги збунува хормоните на гладот, што може да доведе до прејадување во текот на денот. Многу луѓе се чувствуваат многу гладни пред спиење бидејќи не јаделе доволно порано во текот на денот – објаснува Ким Ларсон, диететичар и нутриционист. Покрај тоа, честото прескокнување на појадокот може да ја намали концентрацијата, будноста и продуктивноста, а долгорочно го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести и недостатоци во исхраната.

Што го прави појадокот хранлив?

За да ги искористите придобивките од појадокот, важно е оброкот да биде заситен и здрав. Количината на шеќер во житарките, замрзнатите вафли или баровите за појадок не го прави појадокот хранлив. Не се препорачуваат дури ни овошни сокови, смути и јогурти со малку маснотии купени во продавница.

– Хранливиот појадок може да изгледа различно за различни луѓе во зависност од тежината, полот и преференциите во исхраната – вели Ларсон.

– Важно е да се биде доследен во изборот на храна која додава есенцијални хранливи материи како протеини, влакна, витамини и здрави масти. Одржувањето рамнотежа и обидот да се најдат најмалку три или четири различни групи на храна во појадокот е одличен начин да се започне денот – советува Ларсон, пренесува „ Форбс “ .

Кога треба да појадувате?

Кога појадувате е речиси исто толку важно како и она што го јадете. Најдобро е да појадувате два часа по будењето.

– Колку побрзо појадувате по будењето, толку е подобро за вашиот метаболизам – советува Ларсон.

Ако вежбате наутро, најдобро е да јадете лесен оброк како тост од банана или авокадо 20-30 минути пред тренингот. Меѓутоа, ако чувствувате дека вашето тело работи подобро на празен стомак, можете да појадувате после тренингот.