Ова е мајката која со трите деца се фрли во реката Бојана за да избега од сопругот насилник: Го пронајдоа телото на девојчето
Полицијата во Албанија сè уште трага по Алма А., која, како што се сомничи, се фрлила во реката Бојана во Скадар со трите мали деца за да побегне од сопругот насилник.
Нивното исчезнување го пријавил сопругот и таткото Ергис А.(31) на 2 мај, а телото на најстарата ќерка (9) синоќа било извлечено од реката.
Утврдено е дека девојчето извршило самоубиство. Полицијата вчера го приведе Ергис за кој се претпоставува дека подолго време физички и психички ги малтретирал сопругата и нивните три деца.
Алма исчезна со три деца, девојчиња на 9 и 6 години и момче на 4 години.
Телото на најстарата ќерка синоќа околу 22 часот го пронашол рибар и го извел на брегот. Наводно, лицето на девојчето било покриено со модринки. Полицијата стравува дека Алма заедно со децата се фрлила во студената вода.
Ергис веќе и’ е познат на полицијата и е уапсен поради шверц на дрога.
„Врз основа на истрагите и податоците на полициското разузнавање, се сомнева дека причина за напуштање на станот е насилството што 31-годишниот маж го извршил врз сопругата и децата, кои се осомничени дека извршиле самоубиство. На 04.05.2024 г. , 31-годишен државјанин Е.А (кој претходно бил осудуван за одгледување наркотични дроги) е уапсен за сторено кривично дело предизвикување самоубиство“, соопшти полицијата.