Ова е Мевлудин кој ја уби сопругата Тахира! Се врати дома од веселба а ја дочека трагедија: Тие се среќни на сликите (фото)
Мевлудин А. (1965) во Подгајеви кај Живинице ја убил својата невенчана сопруга Тахира Ч. (52), а потоа се самоубил, пишува порталот „Аваз“. Мотивот на овој свиреп чин, според првите информации е љубомора.
Како што претходно беше објавено, невенчаната сопруга синоќа дошла од Германија каде присуствувала на свадбата на својата ќерка.
По враќањето од Германија прво дошло до расправија, а потоа Мевлудин земал пиштол и ја убил сопругата, а потоа се самоубил. Утврдено е дека немало претходни пријави за семејно насилство.