Ова е мотивот за убиството во Нови Сад!? Никола почнал да ја прислушува и тајно да ја фотографира Гордана, ја убил со бормашина, се врзал со ланци и бетонски блок и скокнал во вода!?

Љубомора е можниот мотив за бруталното убиство и обидот за самоубиство во Нови Сад.

Наводно Никола се сомневал дека сопругата го изневерува подолго време, а еден негов познаник рекол дека во последно време бил речиси болно љубоморен.

Изворот на Телеграф тврди дека тој ја следел сопругата во последните неколку дена, а наводно користел уреди за прислушување и тајно ја фотографирал сопругата додека ја следел.

  • Сакаше да излегува и да се дружи, а Никола се посомнева дека го изневерува и стана посесивен – вели познаникот.

Наводно Никола пред неколку дена ги потврдил сомнежите, па решил тоа да го расчисти со сопругата, но засега никому не му е јасно како тргнала ситуацијата наопаку, и дали тој го планирал убиството или едноставно се случило.

На сопругата на Гордана и задал смртоносни удари со бормашина во семејниот дом. Набргу потоа, тој се обидел да се самоубие скокајќи од мост во каналот ДТД, така што прво се врзал со синџири и бетонски блок за неговото тело.