Ова е момчето чие убиство ја запали Франција: Ќе биде погребан “тајно”, а мајката има молба до јавноста

Минатиот вторник Наел бил на последното возење кога полицаец пукал во него додека бил во автомобил со уште две лица.

Погребот на 17-годишниот Наел М, чија смрт предизвика насилни протести во Франција , започна вчера во 11 часот, а семејството на младиот човек побара од медиумите и јавноста да не присуствуваат на церемонијата во Нантер.

Наел живеел со својата мајка во Нантер, место кое некогаш било најголем центар за алжирските имигранти.

Никогаш не го запознал својот татко. Работел како доставувач додека играл рагби со пиратите од Нантер.

Се запишал во гимназија за да стане електротехничар, но, како што пишуваат медиумите, не посетувал често настава, поради што бил вклучен во работата на невладината организација „Овал ситојан“ која се занимавала со интеграцијата во општеството на тинејџери кои имале проблеми на училиште.

Поради неговото потекло, тој често бил подложен на полициски проверки. Тој требаше да се појави пред судот за малолетници во септември под обвинение дека „не соработувал со властите“.

Минатиот вторник Наел тргнал на последното возење, кога бил застрелан од полицаец додека бил во автомобил со уште две лица.

Полициското убиство на 17-годишникот предизвика бран незадоволство и протести кои прераснаа во судири со полицијата ширум Франција.

Ноќта меѓу петокот и саботата, младите демонстранти се судрија со полицијата и уништија и ограбија продавници и автомобили, што го зголеми притисокот врз претседателот Емануел Макрон.