Ова е момчето (11) кое се удави во Грција: Синот на познатиот актер, почина под чудни околности (фото)
Неопислива трагедија го погоди семејството на грчкиот актер Одисеј Стамулис, чиј син (11) во синоќа беше извлечен мртов од морето на плажата Плака во Форној Корсеон. Момчето починало под неутврдени околности во морето. Се претпоставува дека се заплетка во рибарски мрежи, но тоа не е официјално потврдено.
Детето излегло од дома околу 14 часот, но не се вратило. Околу 18.00 часот неговата мајка се загрижила дека нејзиниот син подолго време го нема и ги известила надлежните, прогласувајќи го за исчезнат.
Веднаш започнала потрага, а нешто по 20 часот сосед го пронашол безживотното тело на детето. Детето е син на познат грчки актер, а мајката на детето издавала соби под кирија на островот. Неговите родители се разведени, но неговиот татко редовно го посетувал синот на островот.
Во едно интервју тој зборуваше за тоа како се чувствува како татко:
– Навистина е нешто шокантно. Особено мажите пред да добијат дете, не сфаќаат колку е тоа шокантно. Пред моето дете сè друго станува помалку. Ниту улогите, ниту успесите, ниту парите се важни…“
11-годишното дете со возило на Итна медицинска помош било пренесено во селската клиника на островот каде била констатирана смрт, а телото се очекува да биде испратено на обдукција за да се утврдат причините кои довеле до неговата смрт.