ОВА Е НАЈБОГАТАТА АМЕРИКАНКА Моќната Џулија тежи 58 милијарди долари! По оваа трагедија, таа се претвори во ОСАМЕНИК (ФОТО)
Најбогатата жена во Америка , Џулија Кох, беше забележана за време на празничниот викенд во Хемптонс на прославата на четврти јули, со наследничката на Вашингтон пост, Лела Вејмут, а тоа е еден од ретките моменти откако таа практично се повлече од јавноста во 2019 година, пренесува Pagesix.
Имено, втората најбогата жена во светот според листата на Форбс, стана „невидлива“ за општествените кругови по смртта на нејзиниот сопруг, милијардерот, Дејвид Кох, пред речиси четири години.
Инаку, Кох индустри е втората по големина приватна компанија во Америка.
Тие се вклучени во производство, рафинирање и дистрибуција на нафта, хемикалии, енергија, влакна, полупроизводи и полимери, минерали, ѓубрива, целулоза и хартија, опрема за хемиска технологија, облак компјутери, финансии, трговија со суровини и инвестиции.
Кох (61) беше забележана и следната вечер на забавата на милијардерот Роберт Крафт, сопственик на американскиот фудбалски тим „Њу Ингланд Патриотс“.
Вредноста на Јулија се проценува на 58,2 милијарди долари.
Во август 2020 година, New York Post објави статија со наслов: „Џулија Кох, најбогатата жена во Њујорк , се претвори во осаменик во Хемптонс“, тврдејќи дека таа и нејзиното семејство не ја напуштиле својата палата од 18,8 милиони долари за време на пандемијата.
Оттогаш се создаде слика дека таа внимателно избира на кои настани ќе присуствува.
Page Six објави дека најбогатата жена во Њујорк купила историски имот во Саутемптон кој бил наведен за 75 милиони долари.
Кох наводно планира да го реновира имотот кој има 15 соби и 150 метри приватна плажа.