„Ова е најзина болна идеја!” Се огласи сестрата на Слаѓа – Петрушиќ измислила дека умрела, роднините бесни
На официјалните профили на поранешната учесничка во реалното шоу и водителка на „Парови“ Слаѓана Слаѓа Петрушиќ утрово беше објавено дека Слаѓа наводно починала.
Веста за смртта е лажна, а тоа за „Индекс.хр“ го потврдила Драгана, сестрата на Слаѓана.
– Мислам дека ова е голема глупост, измислица и нејзина болна идеја. Во тоа сум сосема сигурна – вели Драгана која со години не е во контакт со Слаѓа.
Драгана под објавата оставила коментар за наводната смрт на нејзината роднина, а наводно Слаѓана потоа ја блокирала на Инстаграм. Драгана вели дека никој од нивните заеднички роднини не знае ништо за смртта на Слаѓа.