Баерн за следната сезона се засилува од Лајмер од Лајпциг

– Фудбалерот на Лајпциг и австриски репрезентативец Конрад Лајмер ќе потпише на крајот на сезоната договор со минхенски Баерн, објави весникот Билд.

Баерн нема да плати обесштетување за услугите на Лајмер, кој има договор со Лајпциг до 30 јуни, а Австриецот ќе биде првото засилување на баварскиот клуб во летниот преоден рок.

Баерн се обиде да го ангажира Лајмер и лани, но тогаш двата клуба не успеаја да се договорат за трансфер.

Лајмер (25), кој досега во кариерата имаше многу проблеми со повреди, дојде во Лајпциг во 2017 година од австриски Салцбург.