ОВА Е НАЈМЛАДАТА КРАЛИЦА НА СВЕТОТ: Својот сопруг го запознала кога имала 7 години, а тој ја чекаше 14 години за да може да ја ожени (ФОТО)
Таа е родена во семејство кое имало врски со кралското семејство, но немало титула
Кралицата на Бутан Џетсун Пема (34), моментално најмладата кралица на светот и многумина ја нарекуваат „Кејт Мидлтон од Хималаите“, ги воодушеви жителите на оваа мала земја со својата убавина и скромност. Таа е мажена за кралот Џигме Кесар Намгјел Вангчук и решила да го помине медениот месец во посета на селата и градовите во Бутан и запознавање со нејзиниот народ.
Таа е родена во семејство кое имало врски со кралското семејство, но немало титула. Нејзиниот татко Дондуп Ѓалтсен е полубрат на поранешната кралица, а нејзината мајка Сонам Чуки потекнува од старо аристократско семејство и е кума на бутанскиот принц. А нејзината сестра Јецо Ламо е мажена за братот на кралот, принцот Дорџи Вангчук.
Својот сопруг го запознала на 7-годишна возраст
Кралот Џигма од Бутан студирал во Велика Британија и САД, а на тронот се качи во 2006 година, откако неговиот татко абдицирал. Џигме тогаш имаше само 26 години. Џигме ја запознала Пема кога таа имала само 7, а тој 17 години.
Потоа се заколнал дека таа ќе му биде сопруга и трпеливо чекал да порасне. Џетсун се омажила кога имала 21 година и тогаш ја добила титулата кралица. Двајцата имаат три деца – Џигме Намгел, престолонаследникот, Џигме Угиен и Сонам Јангден.
Кралската венчавка се одржа на 13 октомври 2011 година во Пунаха Џонг, неверојатна тврдина во Бутан.
Тоа беше петчасовна будистичка церемонија во тврдина од 17 век, а невестата носеше традиционална носија. Интересно е тоа што полигамијата е дозволена во Бутан, а неговиот татко го искористил тоа оженувајќи се со дури четири жени.
Врската со Кејт Мидлтон
Во 2016 година, таа и нејзиниот сопруг беа домаќини на војводата и војвотката од Кембриџ за време на нивната посета на Бутан. Кејт Мидлтон и кралицата на Бутан се сретнаа за прв пат тогаш и светот ги виде непосредните сличности меѓу нив.
Двете се сметаа за „обични“ пред да се венчаат во овие кралски семејства. Не само тоа, тие споделуваат и лични сличности бидејќи нивните татковци работеле во воздухопловната индустрија (таткото на кралицата Пема е пилот) и двете студирале историја на уметност за време на нивните универзитетски денови.
Понатамошни паралели укажуваат на атлетизмот на Кејт Мидлтон и кралицата Пема и нивното беспрекорно чувство за мода, пишува „Стил“.
Двете дами се сакани поради скромните животни избори, не претеруваат ниту во хедонизмот, ниту во луксузот.