ОВА Е НАЈНЕОБИЧНАТА МИСИЈА НА ВОЈНАТА Како колона возила низ урнатините на Газа дојде до 900 ИЛЈАДИ БАНКНОТИ

Кога минатиот вторник започна кревкото и краткотрајно примирје меѓу Израел и Хамас , конвој возила возеше низ урнатините на северна Газа на една од најнеобичните мисии на војната: враќање на околу 180 милиони шекели (валута) во готовина. .

Залихите на банкноти, тешки речиси еден метрички тон и вредни 50 милиони долари , се чуваат во две филијали на Банката на Палестина лоцирани во некои од најуништените делови на опколената енклава.

Загрижени поради зголемениот недостиг на готовина во јужниот дел на Газа, каде што повеќето од 2,3 милиони жители побегнаа и каде што сега се наоѓаат повеќето приматели на помош, претставниците на Банката на Палестина го видоа примирјето како можност да ги вратат банкнотите на шекел и да помогнат во спречувањето на економијата од уривање.

Спасувачката операција, наречена „ConOps-Gaza“, мораше прецизно да се испланира: бараше поддршка од ОН, чувари, одобрение од Израел и толку многу разработени безбедносни аспекти што од „Фајненшл тајмс“ беше побарано да изостави некои детали од својот извештај. Приближно 900.000 банкноти беа доволни за да се наполни мал бродски контејнер.

Израел, шекел

Тоа секако беше необичен конвој. Надреално, но неопходно, вели друго лице вклучено во логистика. Мисијата е постигната, банкнотите сега се достапни за оптек во јужниот дел на Газа, каде што секојдневно се преземаат слични акции за да се задржи протокот на пари и покрај интензивните израелски бомбардирања.

Додека по Газа паѓаат проектили во последните два месеци, вработените во банката со приватни автомобили оделе во затворените филијали, ваделе готовина од трезорите и ги полнеле банкоматите за да одржат некаков готовински тек.

„Ова го направивме во банкомати и филијали лоцирани во релативно безбедни области“, рече претставник на Банката на Палестина, истакнувајќи дека само шест BoP банкомати работат во јужниот и централниот дел на Газа.

На моменти, персоналот мораше тајно да преместува готовина помеѓу филијалите и банкоматите, бидејќи специјалните возила што банките обично ги користат за преместување искористени банкноти во мирно време повеќе не се опција во јужна Газа.

Мерките на палестинските банки се обид да се олесни големата криза во економијата на Газа зависна од готовина, каде опколеното население се соочува со зголемени цени, сериозен недостиг на храна и постојана закана од бомбардирање. Со предупредувањето на генералниот секретар на ОН дека јавниот ред во Газа наскоро би можел „целосно да пропадне“, одржувањето на банкоматите ќе стане уште потешко.

Дури и пред конфликтот, економијата на Газа беше во неволја: 81 отсто од населението се сметаше за сиромашно и се потпираше на меѓународна помош, според бројките на ОН. Оние кои добиваат помош надвор од Газа или чии плаќања лежат на банкарски сметки – како што се државните службеници и семејствата кои добиваат компензација за смртни случаи или повреди во војните со Израел – се потпираат на мрежи на банкомати.

Нерамномерни се и плаќањата од палестинската управа. Тие беа принудени да ги намалат платите на јавните работници, плаќајќи само половина од нивната плата од почетокот на војната.

„Позајмив речиси од сите од почетокот на војната“, вели државниот службеник кој побегнал со 10 членови од неговото семејство од северниот дел на Газа во јужниот град.

Банкнотите се дефицитарни, електронските плаќања се ретки, а инфлацијата се влошува. Основните намирници како што се млекото во прав, брашното, солта и квасецот се исклучително дефицитарни и нивните цени вртоглаво пораснале.

За време на прекинот на огнот, некои филијали на банки во јужниот дел на Газа повторно се отворени и нудат само итни услуги. Палестинската монетарна управа, која ги регулира кредиторите, издаде инструкции да им понуди заеми на работниците на територијата каде што платите се намалени или воопшто не се исплаќаат.

Од банките, исто така, беше побарано да исплатат итни средства за компаниите и да го репрограмираат долгот за оние кои позајмиле пари. На трговците кои користат ПОС уреди за плаќање со картичка, сега им е дозволено да им враќаат готовина на клиентите што ќе го побараат тоа.

Банките воведоа и мерки како што се продолжување на важноста на банкарските картички кои требаше да истечат. Но, пристапот до готовина на крајот зависи од електричната енергија и интернетот; Банкоматите не работат при чести прекини на струја.