ОВА Е НАЈПОПУРАЛНОТО ЖЕНСКО ИМЕ ВО СВЕТОТ! Го носат и многу Македонки – проверете дали сте меѓу нив!

Лора Ватенберг собрала податоци од 49 земји ширум светот. Следејќи ја зачестеноста на имињата, таа заклучила дека Софија е меѓу трите најпопуларни имиња во дури 20 земји.

Името Софија е од грчко потекло, а потекнува од зборот „sophia“ што значи „мудрост“. Тајната на популарноста на името е тоа што се изговара исто на различни јазици.

Мексико, Русија, Аргентина, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите во кои родителите најчесто ги именуваат девојчињата Софија.

Интересно е што истото име се избира во исто време во толку многу различни јазици и култури“, истакнала Лора Ватенберг.