Ова е најубавиот стан во Европа: Неколку архитекти создадоа рај од 55 квадратни метри во кој сè е собрано (Видео)
Секој има потреба од приватност и изолација во своите четири ѕида каде што може да се релаксира по напорниот ден. Некому му се доволни 30 квадрати за да опреми дом по вкус, а некому ни 100 не се доволни за да бидат среќни и задоволни.
Меѓутоа, кога некој има желба да уреди дом според неговите идеи, ништо не може да застане на патот. Кога некој ќе спомне стан од 55 квадрати, многумина ќе речат дека е просечна квадратура, а можеби и помалку од она што е потребно за живеење. Но, за оние кои знаат паметно да го средат, оваа бројка е сосема доволна за домување.
Овој стан од 55 квадратни метри се наоѓа во Мадрид, во срцето на Шпанија, а е во сопственост на брачната двојка Патриша и Рикардо. Двајцата се архитекти и го опремиле токму како што замислиле и ако ги прашате – ова им е сосема доволно.
Како го опремиле?
Тие користеле огледала за да создадат впечаток на дополнителна ширина, особено во ходниците, а станот генерално го опремиле со материјали што ги донеле од нивните работни места. Интересно е што од еден блок направиле полица за книги, а на еден трупец има цвеќиња.
Кујната ја направија по принципот на отворени полици и многу светлина. Се потрудиле паметно да го искористат секој сантиметар од просторот, а за двајцата 55 квадратни метри се сосема доволни за живеење. Многу се труделе светлината да им биде приоритет, бидејќи на тој начин самиот стан ќе се зголеми во „големина“.